Океј е, сфативме, го мразат Трамп. Мислам, стварно, оправдана или не, веќе е досадна целата анти-Трамп параноја. Ама, добар трол е добар трол, и треба да биде пофален.
Се работи за анонимен фотоманипулатор кој зема фотографии од Доналд Трамп во Белата куќа, и суптилно ги фотошопира портретите на претходните американски претседатели и основоположници на американскиот устав. Џорџ Вашингтон, на пример.
Можеби намерата на авторот му е некој невнимателен новинар да наседне и да ги искористи сликите во некоја вест. Можеби и не му е. Ама пораката е јасна.