Необични методи на лекување околу светот

orevОд третмани со пчелин отров, па до такви во кои се користи кравја урина, тоа е само дел од некои по малку бизарни медицински третмани околу светот кои изгледа дека имаат ефект.


Од третмани со пчелин отров, па до такви во кои се користи кравја урина, тоа е само дел од некои по малку бизарни медицински третмани околу светот кои изгледа дека имаат ефект.

1. Орев

Жена која е подложена на традиционалниот кинески третман со орев на окото и запалени суви лисја од црн пелин во увото, во болница во Јинан, главниот град на кинеската источна провинција Шандонг.

orev_kina

2. Песок

41-годишниот Мухамед во песок до вратот на планината Ел Дакррор во Египет. Луѓето од тоа подрачје веруваат дека закопувањето во песок во текот на најтоплиот дел од денот има терапевтско дејство со помош на кое се лечи реума, болки во зглобовите и сексуалната импотенција.

pesok

3. Кал

Маж прекриен со кал седи во „лагуната на чудата“ во градот Чилца, Перу. Се верува како оваа лагуна лечи се – од акни до реума.

kal

4. Рогови

Пациент подлжен на третман со рогови на грбот во Нанинг, Кина. Овој третман е алтернативен облик на терапија која е дел од кинеската медицина повеќе од 2.500 години.

rog

5. Рипки

Казухиро Аоки го става лицето во аквариум со риби од видот Гара руфа, во текот на саемот за убавина во Токио. Имено, рибите ги отстрануваат старите делови од кожата и така се постигнува младолик изглед.

ripki

6. Риба

На сликата е маж кој проголтал жива риба како облик на лечење во индискиот град Hyderabad. Секоја година во јуни, браќата Bathini Goud од Hyderabad привлекуваат илјадници пациенти во својот камп кои сакаат да го пробаат третманот со риба, за кој веруваат дека лечи астма и проблеми со дишните патишта.

riba

7. Делфин

Ети Нападенчи од Перу, која е во осмиот месец од бременоста, го допира делфинот со име Вајра во текот на терапијата за бремени жени во хотелот Лима. Се смета дека терапијата го стимулира мозокот на бебето во матката, со помош на високофрекфентните звуци кои ги испуштаат делфините.

delfin

8. Чаши

Пациент на третман со чаши во клиниката за акупунктура во Шангај. Се смета дека загреаните чаши ја извлекуваат топлината и влагата од телото.

casi

9. Кравја урина

Локалното население на Камбоџа собира урина од крава за која се смета дека има лековити својства. Верувањата во натприродните исцелителски моќи на животниите, како кравата, змијата или желката е (релативо) вообичаено во Камабоџа, каде повеќе од третина од населението живее со буџет помал од еден долар дневно, па многумина не можат да си ја дозволат модерната медицина.

urina

10. Отров од пчела

Пациент на третман со отров од пчела за ринитис т.е. воспаление на мембраните во носот, во клиника во градот Дјукју во Кина. Докторите во клиниката исто така го користат отровот од пчела во третманите против реума и артритис.

pceli

- Реклама -