Дали сте знаеле дека стјуардесите и пилотите од патниците чуваат тајни кои никогаш нема да ги откријат.
Имено, овие факти, повеќе не се скриени со оглед на тоа што го обиколија светот, благодарение на 17 пилоти од САД, кои што се согласиле да проговорат за нив.
„Дали сте знаеле дека од моментот кога маските со кислород ќе се извадат, имате само 15 минути кислород? Тоа е доволно за пилотот да го спушти авионот на висина, на која што ќе можете мирно да дишите“.
„Вистинската причина поради која што светлата се гасат, е тоа што вашите очи треба да се прилагодат на темнина, доколку нешто тргне по зло“.
„Дали сте знаеле дека молњи го погодуваат авионот додека лета иако не го забележувате тоа?“
„Знаете ли дека пилотите во авионот имаат резервна храна, во случај едниот вид да е отруен“.
„Доколку се случи несреќа, голем број авиони можат да летаат само со еден мотор“.
„Зошто на стјуардесата никој не и остава бакшиш?! И нив не им е јасно.
„Постојано сум под притисок да носам помалку гориво отколку што сакам. Понекогаш дури и кога има доволно гориво и авионот наиде на невреме, мора да се бара алтернативен аеродром.“
„Понекогаш, агенцијата не ни дава паузи за ручек или време за јадење. Може да доцниме со летовите само за да купиме храна.“
„Секогаш, на патниците им го кажуваме она што треба да го знаат. Не им кажуваме работи кои ќе ги исплашат. Никогаш нема да ме слушнете како им кажувам на патниците дека еден мотор откажал, дури и кога тоа е точно.“
„Всушност, преморени сме. Според правилата за работа треба да работиме 16 часа без пауза. Тоа е многу повеќе од работното време на возач на камион, а тој секогаш може да застане доколку не му е добро.“