Ете го, пак дојде денот. Тие што се во врска, можат но и не мораат, ама тие што се сингл, и тоа како треба да се радуваат. Еве зошто:
Заштедуваш богатство
Тоа значи дека парите што инаку ќе беа потрошени на „романтична“ вечер и „уникатен“ подарок што барем илјадници вљубени меѓусебно ќе си го подарат, сега ќе ти останат за уште подобра инвестиција – квалитетен алкохол и добра журка со твоите сингл пријатели или нешто што цело време сакаш да си го купиш, ама не дошло на ред.
Никој не те осудува
Можеш да се напиеш, да се изжуркаш и да правиш лудости колку сакаш, без некој да се жали дека си му ја упропастил/а вечерта.
Не си во несреќна врска
Сé е подобро од тоа кога врската во која љубовта избледела одеднаш станува совршена само затоа што е „Ден на вљубените“. Едно е сигурно, нема да ја поминете вечерта во ресторан, со некој што чепка по мобилниот во обид да го договори утрешното неверство, или во кревет со некоја што може да сврши само со изгасено светло, зошто тогаш може да го замислува колегата од работа.
Не мораш на сите на светов да им кажеш дека го/ја сакаш
Ако не сте фан на јавното презентирање на она што треба да е интимно, сингл за Св. Валентајн е вистинско олеснување. Во спротивно, ќе морате да пишете некое квази-љубовно клише на Фејсбук, се со цел да не го избламирате партнерот пред неговите виртуелни пријатели, кои би можеле да помислат ова или она.
Ќе се спасиш од стереотипи
Ружи, чоколади, плишани мечиња, музички албум што веќе го имате симнато од Интернет… „Еј супер, ова ќе ми користи никогаш! Веднаш ќе го фрлам кај другите бели мечиња со црвени срциња“.
Остануваш доследен/а на вистината
Всушност, Св. Валентајн бил сингл. Фактите дефинитивно се на твоја страна.
Смачено ти е од евтини чоколади
Како да не доби и изеде доволно за Нова Година. Плус не мораш да глумиш воодушевен за нешто што можеш и сам да си го купиш во првиот маркет на кој ќе наидеш.
Сите во клубот се сингл
Најдоброто нешто во тоа да си сингл за Св. Валентајн е тоа што е единствениот ден во годината кога знаеш дека секој што го меркаш на забавата е или слободен, или во ужасна врска што набрзо ќе заврши. Се што треба е да ги избегнеш отмените ресторани.