Летото е веднаш зад аголот, а вие сте на готовс да ги откачите чевлите и да ги пуштите стапалата да уживаат во вашите нови апостолки. Но, всушност, апостолките можат сериозно да го уништат вашето стапало, особено ако постојано ги носите. Еве неколку причини зошто треба да ги избегнувате:
1. ВЕ ЗАБАВУВААТ
Не во смисла дека се забавни, туку дека ве прават побавни. Сте пробале да одите брзо или да трчате со нив? Сигурно и вие сте се увериле дека колку и тоа да звучи изводливо во теорија, прилично е тешко да го изведете во пракса.
2. ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА, НЕИЗБЕЖНО ЌЕ СЕ СОПНЕТЕ
Прашање на време е кога ќе ви се превитка предниот дел па ќе заринкате со палецот во асфалтот (најлошата варијанта) и ќе се повредите прстот или ноктот. Уште ако апостолките се износени…
3. ОДЕЊЕТО МОЖЕ ДА БОЛИ
Долгото носење на апостолки може да предизвика повреда на тетивата на петата, придружена со многу болка. Иако во лето изгледаат кул, нема да ви се така драги ако последиците ги чувствувате и на есен, дури и ако ги носите најудобните чевли.
4. ЛОШО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО
Одењето на потполно рамни обувки во никој случај не може да е добро за вас. Ако не се превиткуваат заедно со вашето стапало, тогаш не се добри ни за остатокот од телото, особено за неговото држење.
5. ЗБОГУМ НА УБАВИТЕ СТАПАЛА
Се сеќавате на оние испакнатини на базата на стапалото кај коренот на палецот и малиот прст? Долготрајниот притисок, како резултат на носењето на апостолки, само ќе ја влоши ситуацијата, испакнувајќи ги овие делови уште повеќе. Во најлош случај, можат да се јават и отоци.
6. ПЛУСКАВЦИ
ВО најголем дел од времето, ремените на апостолките се тријат од чувствителните делови на кожата на вашите стапала. Ова може да предизвика иритација и плускавци. А ако веќе ги имате и упорно одите со апостолки, очекувајте дека сигурно ќе пукнат.
7. БАКТЕРИИ
Вашите стапала се изложени на многу ризици, од механички, до бактериски повреди. Ризикот од инфекција со габи и бактерии е прилично голем, особено ако имате посекотина на стапалото.
8. ПЕТИТЕ НАЈМНОГУ СТРАДААТ
Во суштина, одите на многу тенок слој од пена меѓу вашето стапало и земјата. Овој материјал се излитува многу брзо, а тоа значи дека тој тенок слој за многу кратко време ќе стане уште потенок. Главното е што при одењето со апостолки, има голем товар врз петите. Тие не се навикнати на вака голем притисок, па бидете сигурни дека во најмала рака ќе им треба одмор.
9. НАПРАВЕНИ СЕ ОД „СОМНИТЕЛЕН“ МАТЕРИЈАЛ
Под сомнителен, подразбираме токсичен. Сигурно сте налетале на препораките да избегнувате пластични шишиња за пијалоци кои содржат Бисфенол А (BPA), бидејќи таквата пластика е токсична. Воглавно, таа се избегнува при производството на амбалажа за пијалоци, но што мислите, каде оди пластиката што содржи BPA? Ете ја, на вашите стапала.
10. ЛОШИ СЕ ЗА ЏЕБОТ
Носењето на апостолки цело време може да ви го деформира палецот во трајна неприродна и болна позиција. Само помислете, тие неколку стотини денари што ќе ги заштедите со апостолки, подоцна ќе ве чинат илјадници за медицински прегледи и третмани.
Ви препорачуваме да ги откачите апостолките пред да си го уништите стапалото, и наместо тоа да си набавите убав и квалитетен пар сандали. Човештвото носи сандали многу подолго отколку апостолки, делумно затоа што тие се прилагоуваат на стапалото како што впрочем и треба да е случај со добрите чевли.