Неколку интересни (и секс) факти од животот на најпознатите Сијамски близнаци

На денешен ден, во 1874-тата, починале браќата Чанг и Енг, најпознатиот пар близнаци во историјата, споени во пределот на градниот кош. Тие се родени во Сијам (Тајланд), а терминот „Сијамски близнаци“ се користи до ден денес.

Чанг и Енг Бункер се родиле споени во пределот на стернумот, со мал ‘рскавичен дел. Нивните црни дробови исто така биле споени, ама работеле одвоено. Во денешно време, без проблем би ги раздвоиле, ама во 19-от век тоа било незамисливо.

Двајцата добиле американско државјанство и брзо се интегрирале во американската заедница. Поседувале и плантажа со робови. Патем биле и светска атракција – живееле ситуиран живот, благодарение на заработката од настапите во циркуси.

Во Април 1843 год., Чанг се оженил со Аделејд Јејтс, додека неговиот брат се оженил со нејзината сестра Сели. Живееле во два различни дома во Северна Каролина, со тоа што близнаците поминувале по 3 дена во едното, па 3 дена во другото семејство.

che-wives[1]

Секс? Секако. Чанг и Аделејд имале 10 деца, а Енг и Сели имале 12. Тоа јасно зборува дека нивната споеност не била пречка ниту во сексот, а ниту во репродукцијата, иако многумина и денес тврдат дека нивниот сексуален живот ги разрдал темелните општествени морални начела.

Бонус факт 1: Таткото на двете невести се противел на венчањето.
Бонус факт 2: Не затоа што Чанг и Енг живееле во едно тело, туку затоа што биле Азијати.

Живееле 63 години.

- Реклама -