Кои луѓе се во поголем ризик да заболат од рак? Одговор го дава прирачник, распространет во Чикаго, на Американската асоцијација за клиничка онкологија.
На ризикот од рак на дојка изложени се :
– жените, чиј што прв менструален циклус се појавил пред 12-годишна возраст или настапила менопауза по 55-тата година.
– Дамите кои пијат или неодамна примале антибејби пилули.
– Оние кои станале мајки, откако ја наполниле 30-тата година, како и применување на долга хормонска супституциона терапија со естроген и прогестерон.
– Опасност има и за жените, во чиј што род е основан рак на дебелото црево или рак на дојка (особено ако станува збор за карцином на дојка на мајка и таа била дијагностицирана пред да наполни 50 години).
– Ранливи се и оние со прекумерна тежина, дебелина или ако не се ментално активни.
На ризик од рак на грлото на матката се:
Носители на опасните онкогенни типови на човечкиот папилома вирус се:
– Жените кои што започнале со сексуали односи многу рано,
– Често ги менуваат интимните партнери,
– Пушачите,
– заразените со ХИВ-вирусот,
– Претставничките на понежниот пол кои што нередовно правеле ПАП тест.
– Загрозени се исто и жените со прекумерна тежина,
– Генетски, мајка или сестра со рак на грлото на матката.
На ризикот од рак на простата се:
– мажите над 50 година,
– Афро-американците,
– семејно оптоварените.
На ризикот од рак на тестисите се:
– мажите со неразвиен тестис или друг абнормален развој на тестисите,
– инфицираните со ХИВ-вирусот,
– оние кои имаат генетски проблеми со Х-хромозомот,
– претставниците на посилниот пол, во чиј што род има близок кој имал рак на тестиси.
Изложени на ризик од рак на белите дробови се:
– Луѓето кои пушат или оние кои ги откажале уште пред години,
– изложените на пасивното пушење.
– Мажите и жените кои работат во услови на изложеност или во средина со токсични супстанции како што се арсен, радон или азбест.
– Генетски предиспонирани.