Она што некогаш било зарѓано парче метал, во петокот било продадено на аукција во Англија за неверојатни 16,3 милиони долари.
Исклучително редок 375 Ferrari Plus Grand Prix Roadster 0384AM (1954), сега сосема обновен, бил ставен на аѕкција на прочуениот фестивал на брзина Goodwood, во близина на Лондон.
Тој е продаден за вртоглави 9,6 милиони фунти, што е речиси 16,3 милиони долари.
„ Ова беше еден од највозбудливите моменти. Најлудата работа која што некогаш сум ја видел“, изјави Зак Готесмен, адвокат кој учествувал на аукцијата.
Понудите доаѓале со брзина на светлината, воглавно од страна на странски понодувачи по пат на телефон. Бомхамс, британската аукциска куќа го проценила возилото на 1о милиони фунти. Адвокатите кои биле вклучени во целата приказна, проценувале дека автомобилот може да биде продаден и за 30 милиони долари.
Автомобилот и неговата сестра „Ferraris“ имаат толкава вредност затоа што никогаш не биле улични автомобили, туку исклучително тркачки.
Сега е прашањето, кој ги добива парите.
„ Мојот клиент е презадоволен“, вели Готесмен. Готесмен е адвокат на американски ентузијаст кога се автомобилите во прашање, Кристофер Гарднер, кој во моментов живее во Швајцарија.
Во моментов се води парница, која треба да утврди кои се законски сопственици на автомобилот, но веќе е донесена одлука дека половина од приходот на аукцијата – 8,15 милиони долари ќе „заминат“ кај дистрибутерот и увозникот на класични автомобили Jacques “Jack” Swatersa.