Небензја: Москва не планира да ја окупира Украина и не е закана за украинските цивили и цивилна инфраструктура (ВИДЕО)

Москва не планира да ја окупира Украина, а руските сили не претставуваат никаква закана за украинските цивили, ниту за цивилната инфраструктура, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации – Василиј Небензја, на итната, специјална седница на Генералното собрание на ОН за ситуацијата во Украина, пренесе МИА.

Небензја во своето обраќање нагласил дека руската армија и силите на сепаратистичките области Доњецк и Луганск започнаа воена операција во Украина во четвртокот по неколкумесечна ескалација и неколкунеделни артилериски, минофрлачки и снајперски напади на украинските сили во зоната на конфликтот во Донбас.

„САД и нивните сојузници одговорија со воведување нови санкции кон Русија и ветување дека ќе испратат оружје во вредност од над една милијарда долари во Киев“, додал Небензја.

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН истакна дека „целта на оваа специјална операција е заштита на луѓето кои осум години се изложени на злоупотреба и геноцид од страна на украинскиот режим“ и посочи дека е неопходна демилитаризација и денацификација на Украина.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

„Ние, исто така, ќе настојуваме да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои извршија бројни, крвави злосторства против цивилите, меѓу кои имаше и руски граѓани“, истакна Небензја, повторувајќи дека руската воена операција вклучува користење на правото на Москва на самоодбрана „од режим кој се обиде да го врати пристапот кон нуклеарно оружје“.

Во меѓувреме, светот имаше повеќе од доволно прилики да се увери дека „руските сили не се закана за украинските цивили и цивилна инфраструктура“.

Артилерија врз Харков:

— ☪︎ ✞ ✡︎ (@1stpeacemaker) February 28, 2022

Зградата во Киев која беше погодена од руски проектил:

- Реклама -