Сигурносните појаси никогаш не биле поблиску до уметност отколку во оваа рекламна кампања на Qatar Islamic Bank. Под мотото „Сигурносните појаси спасуваат животи. Ајде да ги направиме дел од нашата култура“, Катар Банк повикува на зголемена свест околу нивната употреба на Блискиот Исток.
За што подобро да се пренесе наративот, поставеноста и дизајнот на појасите потсетува на комплексните шари на плочките во џамиите. Згора на тоа, сé е направено рачно, без дигитална манипулација.