Volvo објави дека целосно новата генерација на луксузниот теренец XC90 ужива силен кориснички интерес, пред автомобилот да стане дел од изложбените центри на дилерите, па веќе досега има повеќе од 16.000 нарачки.
„Овие резултати од нарачките на стартот се многу охрабрувачки и покажуваат дека на клиентите им се допаѓа она што тие го гледаат во новата генерација на моделот XC90“, коментира Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars. „ XC90 е претставник на еден нов бран на Volvo и е првиот од серијата нови автомобили кои нема да загубат од својот сјај и по целосното реновирање на гамата на производи во следните години“.
Подготвуван во текот на три години и дел од инвестициската програма во вредност од 11 милијарди долари, целосно новата XC90 означува почеток на ново поглавје во историјата на Volvo, кое ја доловува идната насока на дизајнот што ќе го диктира компанијата компанијата кај своите новитети, имплементира свој спектар на нови технологии и користи нова платформа Scalable Product Architecture (SPA).
Сериското производство на целосно новата генерација на Volvo XC90 започна во последната недела од минатиот месец, во погоните на фабриката на брендот во Шведска, а првите испораки ќе бидат реализирани во текот на пролетта.