„САД имаат воен буџет кој далеку го надминува рускиот, но тоа не е важно, бидејќи нашата војска ја брани нашата земја, а не напаѓа други“, вели рускиот министер за одбрана – Сергеј Шојгу.
Рускиот воен буџет порасна пред неколку години поради интензивната програма на вооружување, но беше повлечен во последните неколку години. Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот, Русија во 2018-та била шестиот најголем „одбранбен играч“ во светот, зад САД, Кина, Саудиска Арабија, Индија и Франција.
Во меѓувреме, Пентагон раскошно трошеше пари под Трамповата администрација, засенувајќи ги воените буџети на другите држави.
Шојгу, меѓутоа, ги смирува Русите дека немаат причини за загриженост, бидејќи рубљите на даночните обврзници се паметно потрошени:
„САД трошат огромни количини пари на приватни воени компании, носачи на авиони… Па, зар на Русија ѝ требаат 5 или 10 такви, со оглед дека ние немаме намера да напаѓаме било кого?“, изјавил рускиот министер за одбрана, пренесува Russia Today.
Шојгу го критикуваше Вашингтон и за навиката да ги оправдува своите воени интервенции за свои интереси – со наводната корист и добробит што тие интервенции ќе им ги донесат на луѓето во бомбардираните земји:
„Во која од државите, во кои отидоа да ‘воведат демократија’, демократијата процвета?“, прашува Шојгу. „Во Ирак, во Авганистан, во Сирија? И никој, се разбира, не може да го заборави суверенитетот и независноста во американското мешање“, додаде тој.
Според него, САД не го губат апетитот за „упропастување“ на другите нации, било да е тоа преку бомбapдирање или на било кој друг начин:
„Нашите колеги од Западот сакаат да ја обвинуваат Русија за водење на ‘хибридни војни’ или не знам веќе што. Па, јас велам дека токму Западот е тој кој всушност води хибридна војна. САД ќе излезат од Авганистан оставајќи зад себе полу-руини, додека истовремено вредно работат на тоа да ја зовријат состојбата и во Венецуела. Се разбира, заради ‘триумф на демократијата’“, обвини Шојгу.