После огромниот интерес за првиот дел од збирката мемоари на нашиот анонимен автор Dick Major (Златната држава) кој пред две недели беше објавен на 365.com.mk, едвај чекаме утре да ви го претставиме вториот дел од “Сеќавања на Америка (Мемоарите на еден ебиветер)“ насловен како “Сончевата држава“.
Ебиветерот Dick Major како студент на размена во Америка патува низ секакви патешествија и се запознава со секакви луѓе. Овој пат, од „Златната Држава“ – Калифорнија, Dick Major патува во „Сончевата држава“ – Флорида.
“Dick Major“ заедно со 365 ги споделува со јавноста сите “тие“ искуства собрани во преку 365 страни. Сеирот продолжува. Читајте и ситете се на туѓата несреќа!
Ве потсетуваме на првиот дел и не го пропуштајте продолжението утре (23 Октомври).