Не го оставајте детото во автомобил на горештините, доволни се 15 минути за трагедија!

Секоја година има сѐ повеќе трагични случаи во кои родителите ги оставаат децата во автомобил за време на летните горештини. Ова драматично видео ја предупредува јавноста дека се потребни само неколку минути за трагедија.

Спотот на детален начин опишува што се случува со детето кога ќе остане само и заклучено во автомобил на високи температури со затворени прозори. Според податоците од видеото, во САД на секои 10 дена умира едно дете поради топлотен удар откако е оставено во автомобил. Од 1998 година се регистрирани 575 смртни случаи, а во дури 71 проценти од тие случаи станува збор за деца помлади од две години.

Само 15 минути во загреан автомобил се доволни да настапат трајни оштетувања на мозокот и бубрезите. Кога телесната температура на детето достигнува 41,5 степени тоа почнува да умира.

Заради тоа, родители не ги оставајте децата во загреан автомобил и заклучени со затворени прозорци ниту 5 минути. Погледнете го предупредувачкото видео

[youtube]http://youtu.be/XNDWN8KDVSM[/youtube]

- Реклама -