Не гледај долу (видео)

Повеќе... Ако се плашите од височина не би сакале да се најдете на оваа стаклена платформа на 103-от спрат на највисоката зграда во Америка.


Ако се плашите од височина не би сакале да се најдете на оваа стаклена
платформа на 103-от спрат на највисоката зграда во Америка.

article-1196967-058fb3f7000005dc-833_634x431.jpg

Првиот чекор е најтежок – добродојдовте на „ивицата“  или Сирс зградата во Чикаго. Стаклените кутии на највисоката зграда во Чикаго се отворени за јавноста, поточно за сите оние на кои не им смета да „одат по облаци“ на висина од 412 метри.

article-1196967-058f7fa3000005dc-920_634x415.jpg

Дизајнерите велат дека платформата намерно е направена така за да им го долови чувството на оние што се наоѓаат на неа како да лебдат над градот.

article-1196967-058f9984000005dc-828_634x275.jpg
article-1196967-058fb3ff000005dc-561_634x418.jpg

Оние кои се доволно храбри да погледнат надолу ќе бидат наградени со прекрасниот поглед врз панорамата на Чикаго. Стаклената кутија е висока 3 метри и исто толку широка, може да издржи тежина од пет тони и направена е од стакло тенко 3 сантиметри.

article-1196967-058f7b4f000005dc-280_634x424.jpg

{youtube}ld4Mc9bKths&feature=player_embedded{/youtube}
- Реклама -