Home Технологија Иновации Научниците создадоа проѕирно дрво

Научниците создадоа проѕирно дрво

0
Научниците создадоа проѕирно дрво

providno_drvo[1]

По 10-тина години работа, научниците од Кралскиот Институт за Технологија во Стокхолм најпосле успеаја да создадат „проѕирно дрво“ – материјал направен од вистинско дрво, а транспарентен. Ако употребата и производството на овој материјал масовно заживеат, тоа ќе доведе до вистинска револуција во архитектурата, а и во соларната технологија.

Според научниците, проѕирното дрво е евтин и обновлив извор кој може да помогне во намалувањето на трошоците за внатрешното осветлување на домовите и просториите, а може да се користи и за соларни ќелии кои истовремено ќе бидат и прозори. Ќе може да се користи и за приватни прозори – прозори кои овозможуваат светлината да влезе, а штитат од погледите од надвор.

Интересно е што концептот за транспарентно дрво не е нов, но ова е прв пат во историјата научниците да направат вистински пробив со материјал кој реално може да биде употребен во масовното производство.

Со цел да го создадат новиот материјал, научниците почнаа со примероци од комерцијално балса дрво, па преку хемиски процеси го отстранија лигнинот – структуралниот полимер кој е присутен во клеточните ѕидови на растенијата. Лигнинот е и одговорен за блокирање на 80 до 95% од светлината која поминува низ дрвото. Со негово отстранување е добиено фино бело парче, а за да стане провидно, научниците мораа да додадат акрил или плексиглас во самото дрво. Така, добија транспарентен материјал, кој притоа е два пати поцврст од пластиката.

Сега научниците се во фаза на изнаоѓање методи за зголемување на транспарентноста, но и на производството. Таквата потрага ќе вклучува и експериментирање со различни видови дрва.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here