Научниците најдоа нов, необјаснив вид на живот

Во ера кога човекот мисли дека знае се, научниците најдоа… нешто… И живо е. И не можат да го класифицираат.

Двата новооткриени видови, по заслуга на морските биолози на Универзитетот на Копенхаген, пркосат на сите постоечки класификации на животот што го познаваме. Во извештајот овјавен во PLOS ONE пишува дека прашањето за нивната поврзаност со другите, познати видови за човештвото, останува тема на дебата.

Мистериозните повеќеклеточни организми се најдени во југоисточниот дел од Австралија, на длабочина од 400 до 1000 метри. Имаат асиметрична и печуркаста форма.

l8hm3ojezw1mf6hyshul[1]

Откриените организми ќе бидат подложени на детална молекуларна анализа, со цел да се утврди нивната релација со останатите форми на живот на планетава, ако воопшто постои. Познавајќи ја репутацијата на човештвото, откако ќе го најдеме овој одговор, веројатно ќе прејдеме на следното, многу поважно прашање: „Се јадат ли?“.

Прочитајте и:  Рециклирање електронски отпад до ретки метали

 

 

- Реклама -