Науката повторно ги замеша своите прсти во музиката за да го открие начинот како некоја песна влијае врз одредена личност и потикнува добри чувства, за на крајот да открие која е песната која е најпозитивна.
Науката повторно ги замеша своите прсти во музиката за да го открие начинот како некоја песна влијае врз одредена личност и потикнува добри чувства, за на крајот да открие која е песната која е најпозитивна.
Dr. Tomas Chamorro-Premuzic од лондонскиот Goldsmith колеџ ја откри оваа формула која во предвид го зема тоналитетот, сликовитоста и позитивниот текст за да пресмета која е најпозитивната песна.
Формулата е: P + Pos + T + BPM + IS, каде P е висината, Pos – процентот на позитивни зборови, Т – тоналитетот, BPM – ритамот, I – сликите и сеќавањата што ги предизвикува музиката и S – нивото на серотонин (хормон кој го стимулира чувството на среќа). Со нагласок на тоа дека „I“ е сепак многу субјективно, се дошло до тоа дека „Wake Up Boo“ од британскиот бенд Boo Radleys е песна која потикнува најмногу добри чувства.
Топ листата на најпозитивни песни според оваа научна формула се:
1. Boo Radleys – Wake Up Boo!
2. The Beach Boys – Good Vibrations
3. Jackson 5 – I Want You Back
4. The Beatles – Here Comes The Sun
5. Madonna – Holiday
6. Van Morrison – Brown Eyed Girl
7. The Foundations – Build Me Up Buttercup
8. Michael Jackson – Wanna Be Starting Something
9. John Paul Young – Love Is In The Air
10. The Darkness – I Believe In A Thing Called Love