Home УмниБус Здравје Научете да дишете правилно

Научете да дишете правилно

0

Повеќето луѓе дишат исто како што играат – мислат дека го прават тоа правилно. Но, оние кои ве гледаат од страна знаат дека не е така.

Дишењето е природна, автоматска активност за која на размислуваме. Всушност, почесто размислуваме како се движиме на подиумот отколку за тоа како дишеме. Меѓутоа ако дишете правилно ќе изгледате и ќе се чувствувате помлади.

Пред да кажете: „Сигурно дека знам да дишам, па тоа го правам цел живот“, научете како да дишете длабоко и правилно:

1. Легнете на грб, на под. Ставете ја едната рака на папокот, а другата на градите.

2. Полека и длабоко вдишете, барем пет секунди полнете ги белите дробови. Бројте во себе. Стомакот би требало да ви се подигнува, ако дишете правилно, а градниот кош би требало малку да се прошири од страна.

3. Кога ќе почувствувате дека белите дробови ви се сосема полни, полека издишете, броејќи до седум, се додека целиот воздух не излезе од белите дробови. Концентрирајте се папокот да се врати на почетната положба.

Вежбајте неколку денови и со текот на времето правилното дишење ќе ви стане навика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here