Насри останува во Манчестер Сити

Францускиот фудбалер, Самир Насри останува во Манчестер Сити и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во ПСЖ.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Самир Насри се поврзува со трансфер во ПСЖ, но вели дека сака да остане во Англија.

„Нема вистина во гласините. Тие само зборуваат” – вели Насри за Sky Sports News.

„Директорот на ПСЖ, Леонардо можеби сака да купува некои француски фудбалери па го кажал и моето име. Го познавам него долго време, уште кога беше во Интер”.

„Сакам да останам во Манчестер, не сакам да заминам од тука, гласините не се точни”.

Текстот е објавен во соработка сои 24Фудбал

- Реклама -