Од Ferrari планираат да откријат повеќе за својата програма за правење автомобили по желба, а за таа цел ќе покажат неколку интересни модели за време на фестивалот на брзината во Гудвуд.
Италијанците ќе покажат уникатен FF со многу специјален кожен ентериер и панорамски стаклен покрив. Технологијата на покривот е со „стакло со ниска пропусливост“ со цел да ја одржи температурата на каросеријата на исто рамниште и во зима и лето. Освен тоа компанијата ќе покаже и 458 Spider, обоена во Ice White Pearl со тркачки ленти. Спортистот на седишта има Alcantara и голем број на јаглеродни елементи.
Гостите на Фестивалот на брзината ќе можат да ја видат и креацијата од Ерик Клептон, моделот SP12 EC, кој ќе биде и шлаг во програмата за Ferrari. Како што веќе е познато, моделот е базиран на 458 Italia, а неговиот стил е инспириран од класичен 512 BB. За погонот се грижи 4.5-литарски V8 мотор со 570 КЅ и вртежен момент од 540 Nm.
Италијанците ќе покажат и убава F12 berlinetta, како и болидот на Фернандо Алонсо од 2010 година.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус