Нано-сателит трага по живот во вселената

вселенаПрвиот сателит со големина на векна леб ќе ја истражува вселената со само една цел: потрага по вонземски живот. Нано-сателитот ќе биде лансиран следната година за да трага по егзопланети кои би можеле да подржат живот како на Земјата.
 

Шејмус Туохи, директор за вселенски системи од Драпер Лабораторијата која го развила ExoPlanetSat со Институтот за Технологија од Масачусетс, вели дека мисијата ќе биде револуционерна. Тој изјавил: „Иако имало голем број помали сателити, тие типично се користат за едноставни комуникациски или набљудувачки мисии. Ние правиме нешто што претходно не било направено.“

Со ширина од само 10 и должина од 30 сантиметри, направата вредна 3 милиони фунти работи со набљудување на светлината на ѕвездите во моментот кога планетите во орбита поминуваат пред неа. Преку анализа на падот во нивото на светлина, научниците би можеле да ја дознаат големината на планетите. Пресметките за откривање на времето потребно за планетата да орбитира околу ѕвездата би можеле да откријат и колку планетата е одалечена од ѕвездата.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Мерењето на светлината од ѕвезда значи дека сателитот мора да биде стабилен бидејќи движењето ќе ја направи сликата матна  и неупотреблива. Специјална технологија била развиена за движењето да биде ограничено на минимум. Експертите велат дека малиот сателит е дизајниран да работи заедно со поголемите сателити како Кеплер сателитот на NASA лансиран пред две години.

Нано-сателитот, кој ќе биде напојуван од соларни панели, ќе се фокусира на поединечни ѕвезди кои поголемите сателити, кои можат да набљудуваат околу 150.000 ѕвезди истовремено, ќе ги оценат како достојни за понатамошна анализа. Секој нано-сателит чини 379.000 (432.955 евра), но има животен век од само една до две години. Научниците се надеваат дека ќе можат да лансираат флота од нано-сателити за да анализираат стотици ѕвезди со надеж дека ќе најдат ѕвезди со планети слични на нашата. [Nano-satellite the size of a loaf of bread sent to search for alien life]

- Реклама -