Одлуката на Велика Британија за забрана на дизел и бензински мотори на крајот ќе доведе до појава на повеќе штетни емисии во атмосферата, предупредува норвешката компанија Statkraft, која управува со британските електрани на вода и ветер.
Масовното префрлување кон електромобилите, за кои британската влада се надева дека ќе ги наметне, ќе изврши притисок врз локалната енергија, изјави за Bloomberg, шефот Карстен Попинг, постар потпретседател на Statkraft .На пример, Велика Британија нема големо производство на енергија, како Германија, па ќе треба да изгради нови капацитети за задоволување на растечките потреби. Според Bloomberg до 2040 година ќе бидат потребни 52 тера-часа дополнителна енергија, или 16% повеќе од моментно достапните.
Според Попинг најверојатно решение би било да се изградат нови гасни централи со таканаречениот „отворен циклус” на производството, што е и најефтина работа. Тие се пофлексибилни и можат да го неутрализираат ризикот од откажување на електричната мрежа од полнење на електромобилите во „шпицовите“. Проблемот е што отпадната топлина не се рециклира, па нивните емисии на стакленички гасови се значително повисоки од оние кај конвенционалните комбинирани циклуси. Станиците со отворен циклус сочинуваат околу 33% кои користат гас за електричната енергија, додека комбинираните 60%. Поради ова, британското законодавство им овозможува да работат најмногу околу три месеци во годината.
– Воведувањето на електрични возила ќе биде предизвик за стабилноста на електричната мрежа, смета Јоханес Вецел, аналитичар во Wood Mackenzie.
– За да продолжиме со поголемо темпо, ќе бараме големи инвестиции во флексибилно производство на електрична енергија, складирање на истата и оптимизација на самата мрежа.