Најздравиот оброк во светот

По анализа на сите совети за здрава исхрана, исфрлајќи ги оние што се луди, лажни и претерани и што останува? Најздравиот оброк во светот.

Leatherhead Food Research групата ја употребиле оваа процедура за да се изолираат добрите совети од лошите. Тие поминале низ илјадници студии за исхрана се додека не им останале само 222 кои ги оцениле како научно најубедливи.

Тие потоа составиле мени со три оброци кои опфатиле што е можно повеќе од добрите совети. Нивното мени изгледало вака:

  • Свежа чадена паштета од лосос и интегрален леб со висока содржина на влакна
  • Пилешка тава со мешани зеленчуци и мешана салата со маслиново масло
  • Десерт од јогурт со ореви и карамела без шеќер
Прочитајте и:  Лекари од Канада тврдат дека ова е најдобриот појадок за болните од срце

Дефинитивно звучи здраво а истражувачите можат да потврдат дека секоја состојка е додадена со причина: од Омега 3 рибино масло кое е добро за холестеролот, протеините за градење на мускулна маса и ореви кои „придонесуваат кон подобрувањето на еластичноста на крвните садови“. Всушност, за нешто што е дизајнирано да биде што е можно поздраво не звучи многу лошо.

- Реклама -