Највообичаените грешки при фарбање на косата

За да одговара бојата на косата на вашите очекувања, треба да следите неколку едноставни правила при бојадисување.

1. Бојата треба да е во согласност со изворната боја на косата

Едно пакување боја нема да биде доволно за да се претворите одеднаш од бринета во русокоса. Радикалната промена на бојата може да се постигне само по деколоризација што е комплицирана и опасна за косата и затоа е препорачливо да посетите професионален фризер. „Домашните“ бои може да ја променат бојата на косата само за еден до два тонови кон посветла или потемна.

2. Редовно шишање на расцветаните врвови

Само така ќе можете да добиете хомогена боја. Во спротивно може да ви се случи разлика и непосакувани нијанси, кои дополнително ќе ги нагласат оштетените врвови.

1

 3. Заштитете ја кожата од бојата

Дури и најпедантните жени се соочуваат со излевање на бојата на кожата, како резултат на што остануваат непријатни дамки. За да не впива бојата на кожата, намачкајте ги проблематичните области со дебел слој мрсен крем или вазелин. Ова се однесува на контурата на челото, вратот и кожата зад ушите.

4. Нужно направете тест за алергија

Ова важи особено при тестирање на нов бренд на боја за коса. Ако сепак во принцип сте склони кон алергии, подобро е да се обложите на сигурни брендови. За целта нанесете малку од бојата на лактот или зад увото и тестирајте ја појавата на црвенило, чешање или осип.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

2

5. Не користете иста боја за коса, веѓи и трепки

Дури и ако бојата е идеална и за веѓите, може да добиете алергија. Бојата за коса, дури и ако не содржи амонијак, е погруба по состав од средствата за фарбање на веѓите и трепките. Пределот околу очите, пак, е многу чувствителен на груби супстанции и обично реагира со црвенило и иритација.

6. Не користете балсам, на денот на фарбање

Тој го затвора влакното и го отежнува навлегувањето на пигментот во него, како резултат на што бојата станува бледа.

3

 7. Не користете шампон против првут

За овој проблем добро е да размислите пред да ја смените бојата на косата. Содржан во многу шампони против првут, цинкот ја вади бојата од влакното, па затоа само недела-две по фарбањето бојата може да избелее. Ако многу сакате да се фарбате за време на лекувањето против првут, искористете привремени балсам-бои, кои се мијат сами за неколку дена.

8. Не оставајте бојата да делува подолго отколку што е наведено во упатството

Понекогаш 5 минути во повеќе од доволни за да ви ја уништат косата, особено ако бојата содржи амонијак. Одложувањето на миењето најверојатно ќе доведе до непријатни ефекти. При тоа стилистите не препорачуваат да се фарбате повторно наскоро, бидејќи бојата ја оштетува косата.

4

 

- Реклама -