Новата највисока зграда во Франција

Ова е Кулата Светилник (Tour Phare), облакодер дизајниран од американски архитект за La Défense – бизнис областта на Париз во која веќе има голем број примери за интересна архитектура.


Еден поглед на предложениот дизајн создава чувство дека новата зграда ќе се вклопи во својата нова средина бидејќи има соодветно луд изглед. Кулата Светилник е дело на американецот Том Мејн и неговиот тим од агенцијата Morphosis. Кога ќе биде завршена, во 2017 година, таа ќе биде висока 296 метри.


Оваа висина значи дека зградата нема да влезе ни во топ десет највисоки згради во светот, но ќе биде највисока зграда во Франција и ни еден друг дизајн нема да ја надмине од сега до моментот кога ќе биде зафршена. Тоа под услов да не биде вшмукана во друга димензија – дизајнот изгледа како процесот веќе да започнал.

Прочитајте и:  „Еурактив“: Можниот влез на екстремната десница во Владата во Париз создава нервоза меѓу членките на НАТО


Кулата Светилник ќа ја замени Tour First како највисоката зграда во La Défense, и ќе стане една од неколку интересни архитектонски чуда како Grande Arche.

- Реклама -