Манчестер, 6 август 2021 (МИА) – Англискиот шампион Манчестер Сити објави синоќа дека го ангажирал капитенот на Астон Вила, Џејк Грилиш (25), потпишувајќи со репрезентативецот на Англија шестгодишен договор.
Од Сити не објавија финансиски детали, но британските медиуми наведуваат дека Астон Вила, со која Грилиш имаше договор до лето 2025 година, ќе добие отштета од 100 милиони фунти со што нејзиниот довчерашен капитен стана најскапо платен фудбалер во историјата на Премиер лигата.
Досегашниот рекорден трансфер беше доаѓањето на францускиот репрезентативец Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунјатед за 89.3 милиони фунти во 2016 година.
– Сити ја има најдобрата екипа во светот, а ја предводи тренерот, кој го сметам за најдобар во светот. Затоа, моето доаѓање го сметам за исполнување на сонот, изјави Грилиш.