Тој е познат по тоа што е највалканиот човек на Стариот континент.
Лудвиг има 58 години и живее во Чешка. Тој пред да си легне согорува сè што ќе најде, за да создаде еден топол и мек кревет од пепел.
Во некои медиуми, кои го интервјуирале тој бил споредуван со ѓавол, но всушност е добар човек , иако ги поминува ноќите над пепелта.
„Пред една година едноставно одлучив да ја напуштам работата. Од тогаш живеам тука покрај огнот. Секоја ноќ ја полнам облеката со топла пепел и се покривам за да ми биде топло”, вели тој.
Луѓето ми помагаат, ми носат стари гуми и јас ги палам. На тој начин преку денот го одржувам огнот, а околу 7 и пол навечер легнувам”, додава тој.
Лудвиг, кој живее во стара напуштена куќа, наводно боледува од психичко пореметување кое го тера да живее со оган и пепел. Иако температурата во неговиот град Нов Биџов во зима паѓа под нулата, тој на себе има само блузон кој потемнел од чадот.