Најстрашните типови на соседи

Дури и да сте пронашле идеален дом, вашата идила може да ја уништи тривијалниот – ужасен сосед. Ако живеете во еден блок, не ви посакуваме да ви се случува соживот со некој од следниве типови:

Најгласните

Ова е една од најлошите варијанти, а оваа категорија има цела подкласа.

Класичниот пример се социјалните зависници – вечно имаат гости и слушаат музика до раните часови. Влегуваат и излегуваат секакви субјекти. Не е изненадување да слушнете по некој скандал.

Друга група се семејните скандалаџии – борба, викање, понекогаш во 3 наутро.

kids(5)

Семејствата со мали деца понекогаш може да бидат дел од оваа група. Едни бебиња плачат повеќе, други помалку, но според Марфи оние кои живеат во станот над вас, ќе плачат многу. И не зборуваме само за бебиња – тие ќе пораснат, ќе го откријат задоволството од трчање од едниот крај на станот до другиот, скокањето, а ако им купат топка или тапани со вас е свршено.

Друга опција – сосетката ви се испоставува кротка, повозрасна дама. Си велите “Кои проблеми може да ги имаме со неа?” И излегува дека дамата е глува и ги слуша сериите на максимална јачина на звукот, по цел ден. Сите серии. Понекогаш заспива и го заборава телевизорот вклучен до утрото. Честитки!

tv(4)

Да не го заборавиме – вечниот мајстор . Тој го крши и постојано го обновува мебелот. Тропа, буши и ова трае цел месец. Добро е што е привремен феномен и некогаш ќе заврши.

Не плаќаат

Овие соседи не платиле ништо за зградата 3 години. Ако се собираат неколку такви во влезот, тоа значи дека речиси никогаш ништо нема да се промени, освен ако не падне на некој на главата. Има реална можност да лажат дека радијаторите им се демонтирани и да крадат парно. Ништо не можете да направите.

Лошата хигиена

Лошата хигиена е голем проблем. Овие соседи фрлаат ѓубре низ прозорецот или пак ќесата со ѓубрето им седи пред вратата, додека не замириса. Терасата е преполна со секаков тип ѓубре. Внимавајте како минувате под прозорецот, фрлаат догорчиња од цигари без да бидат заинтересирани на чија глава ќе паднат.

dirty

Бескрупулозните сопственици на домашно милениче

Некои сопственици на кучиња не се заинтересирани за тоа што миленикот им го користи лифтот како тоалет, дека лае цела ноќ и демонстративно ви велат дека нема да ставаат рака на Џони, па тој „само си игра”.

dog(4)

Завидливи озборувачи

Она семејство кое постојано се натпреварува со вас. Знаете дека ве зборуваат за сè што правите, но кога ќе поминете крај нив на нивните лица „грее“ насмевка. Сакаат да ви покажат дека возат поубава кола од вас и биле на поубав одмор. Не споделувајте ништо со нив, бидејќи по 5 минути ќе разбере целиот блок.

Mo

Љубопитните

Имате чувство дека постојано набљудуваат кој што прави, со кого влегува во влезот и со кого излегува. Тие се набљудувачи. Лично самите се доживуваат како чувари и ако ваш познаник дојде на гости, го запираат за вкрстено испрашување. Информирани се за тоа која девојка од кој кат има дечко, а која не. Нема како да ја поканите љубовницата дома без да разберат, но ако се случи грабеж, обично не чуле и не виделе ништо.

watching

„Позајмувам, давам и барам“

Пред неколку години овој тип беше раширен. Тогаш немаше продавница на секој агол и не беше изненадување соседот да тропне ненајавен и да ви побара една чаша шеќер или две јајца, или пак да ви донесе колачиња. Денес се среќаваат поретко, но не исчезнаа.

neighb

Премногу љубезни

Сака да се спријателите и редовно се распрашува за сè, со тоа што ви раскажува за себе. Ги штипка образите на децата, ве советува како да ги одгледувате и ве кани постојано на вечери, кои се прашувате како да ги откажете.

Neighbors_-prv

- Реклама -