Дрвјата се едни од најдолговечните организми на нашата планета. Најмалку 50 дрвја се тука повеќе од еден милениум, но најверојатно постојат уште прастари дрва кои сè уште не се откриени. Погледнете кои се некои од најстарите познати дрвjа на нашата планета.
Дрвјата се едни од најдолговечните организми на нашата планета. Најмалку 50 дрвја се тука повеќе од еден милениум, но најверојатно постојат уште прастари дрва кои сè уште не се откриени.
Долговечноста на дрвјата се должи на неколку причини. Една од тајните на нивната долговечност е нивниот поделен васкуларен систем, кој овозможува некои делови на дрвото да преживеат, додека некои други умираат. Многу од нив создaваат одбранбени делови за да се изборат со смртоносните бактерии или паразитите.
Некои од најстарите дрвjа на Земјата, како на пример, некои видови бор, не стареат како нас луѓето. После 3,000 години тие растат со истата сила како и нивните 100 годишни сродници. Некои дрва му пркосат на времето така што испраќаат клонoви, или генетски идентични изданоци, така што смртта на еден трупец нема да значи и смрт на целиот организам. Гигантските колонии можат да имат илјадници индивидуални стебла кои делат една иста мрежа од корени.
Додека Пандо не е технички најстарото индивидуално дрво, оваа колонија во Јута е навистина прастара. Колонијата се наоѓа во Аспен во Јута и има 80.000 години т.е. постои од времето кога човечките предци сè уште живееле во Африка. Со својата тежина од 6,615 тони Пандо е исто така најтешкиот жив организам на Земјата.
Најстарото индивидуално дрво на светот е еден вид долговечен бор кој се наоѓа во Белите планини во Калифорнија. Има неверојатни 4,765 години, што значи дека било веќе еден век тука кога се градела првата пирамида во Египет. Именувано е според Метузалем, библискиот лик за кој се вели дека живеел 969 години. Неговата точна местоположба се држи во тајност за истото да може да се зачува од вандализам.
Огромниот чемпрес се наоѓа во Абаркух, Иран. Стар е помеѓу 4,000 и 4,500 години односно постои од времето кога бил изграден Стоунхенџ. Се смета дека е најстариот жив организам во Азија и е национален споменик во Иран. Дрвото е високо околу 25 метри, а само неговата крошна е повеќе од 11 метри.
Кои се другите најстари примероци на светот? Погледнете во оваа галерија.