Најстарата баба во светот има 130 години?

Повеќе... Според официјалните документи, една старица од Казахстан оваа недела ќе го прослави својот 130-ти роденден, со што ќе биде 16 години постара од актуелниот рекордер во долговечност.


Според официјалните документи, една старица од Казахстан оваа недела ќе го
прослави својот 130-ти роденден, со што ќе биде 16 години постара од
актуелниот рекордер во долговечност.

article-0-041231dd000005dc-625_468x350.jpg

Sakhan Dosova е мајка на десет деца и тврди дека никогаш не била на доктор и никогаш не јадела колачи. Таа најмногу обожава еден вид на казахстанско сирење и јогурт, а нејзината долговечност, како што вели, се должи на нејзината смисла за хумор. Нејзината неверојатна старост, беше откриена на последниот попис во Караганда во Северен Казахстан. Демографите биле изненадени кога откриле дека таа била заведена и на првиот попис во тој регион од  времето на Сталин во 1926 година кога таа наводно била 47-годишна според документите.

article-0-04123163000005dc-944_468x389.jpg

Нејзиниот датум на раѓање се смета дека е 27 март 1879 година, како што може да се види на нејзиниот пасош од советскиот период и казахстанската лична карта. Сè до последниот попис, сепак, нејзината возраст била позната само во нејзиното мало гратче.

Мислењата за тоа колку тие документи се доследни се поделени, и покрај тоа што на пописот нивната коректност била потврдена, некои казахстански бирократи бараат случајот да се преиспита, укажувајќи на фактот дека не може во целост да им се верува на казахстанските документи кои датираат од 19 век. [Is this woman really as old as the LIGHT BULB? ‘Oldest person in the world’ set to celebrate her 130th birthday]

- Реклама -