Најсмешни прослави на фудбалски голови (видеа)

Peter-CrouchВо следните неколку видеа ќе ја видите фудбалерската радост по постигнат гол, во посмешно издание од она на кое сте навикнати. Сепак, смислата за хумор не е талент.

Во следните неколку видеа ќе ја видите фудбалерската радост по постигнат гол, во посмешно издание од она на кое сте навикнати. Сепак, смислата за хумор не е талент.

Јонас Гутиерез во победата на Њукасл против Барнсли со спајдермен маска. Зошто?

{youtube}aAaVDSH47pI{/youtube}

Крег Белами отсекогаш бил сметан за „лошо момче“. Оваа прослава е по повод неговиот напад на Џон Арне Риисе со голф палка.

{youtube}eFiq3YSfbi0{/youtube}

Листата немаше да биде комплетна без џокерот на Премиер лигата – Џими Булард. Во 2008 екипата на Хал го посети Манчестер Сити и беше во загуба 4-0 на полувремето. По ова, менаџерот на Хал реши да им одржи лекција на своите фудбалери. Година дена подоцна, во сеќавање на зборовите на менаџерот Фил Браун, Џими Булард го прослави својот погодок на несекојдневен начин.

{youtube}edr4ixpPiAs{/youtube}

Грузискиот играч на Њукасл, Темури Катсабиа, кон крајот на 90-тите стана култна фигура за своите навивачи. Една од причините е што ги удри со нога рекламите на Мекдоналдс и Адидас, а потоа вознемирено го соблече и дресот. Мора да заборавил на постигнатиот гол.

{youtube}JlqCCDh9XT0{/youtube}

Бразилскиот играч од средниот ред Роџер Галера Флорес потпиша со Крузеиро и одлучи да го прослави својот прв гол против Атлетико МГ со тоа што ја зема главата од клубската маскота, а потоа се упати кон навивачите.

{youtube}STrYeGn8c84{/youtube}

Дефинитивно една од најдобрите прослави е онаа кога Руд ван Нистелрој промаши пенал против Андора, по што беше исмејан од Антони Лима од Андора. Шест минути подоцна, ван Нистелрој постигна гол и отиде да го прослави пред лицето на Лима.

{youtube}4H9pTgQY_mo{/youtube}

Иако не беше негов гол, Хозе Антонио Рејес постигна еден во мечот против Ваљадолид во 2001. Рејес го прослави со тоа што легна на земја, а еден од неговите соиграчи имаше чудна реакција над гениталиите на Рејес.

{youtube}KLiK91U-UpM{/youtube}

Питер Крауч знае како да прославува! Неговото играње како робот беше заразно за време на квалификациите за СП2006. Својот робо-танц првпат го изведе против Унгарија и уште два пати против Јамајка.

{youtube}o8BiF4x2q-Q{/youtube}

Роби Фолер ќе остане запаметен по ироничната одбрана за неговото наводно користење дрога. Тој по погодок против Евертон во 1999, голот го прослави со „шмркање“ на фудбалската бела линија. По овој гест беше остро казнет и осудуван од фудбалската јавност.

{youtube}lsAUL03Xse0{/youtube}

- Реклама -