Најслатките видеа од бремени жени

9-те месеци во кои една жена е бремена, претставуваат посебен период од нејзиниот живот.

 

Нов почеток, врска, големи промени и, се разбира, многу љубов. Конечно доаѓа и самото бебенце кое предизвикува восхит и насмевки кај другите и доведува до многу промени.

Секој нов родител ќе ви каже дека тоа искуство не може да се опише. И секое е уникатно само по себе. Сепак овие 5 видеа со бремени жени успеваат да ни го претстават ова силно чувство на оригинален  начин. Да погледнеме.

1. Нов почеток


Ова симпатично видео започнува со бакнување на стомакот, проследено со 9-месеци, собрани во 90 секунди.

 2. Девет месеци и еден розов балон


Таткото Дон Роб прави фотографии на бремената жена со розов балон во рамките на 9 месеци. Конечно ги монтира сликите и ги претвора во видео. Крајниот резултат е одличен.

3. Од почеток до почетокот


Кога пејачот и текстописец Том Флетчер од англиската бојгрупа McFly  дознал дека неговата жена Џована е бремена, решил да направи нешто неверојатно. Тој создал едно видео, во кое ја пее песната Something New пред жена си, додека бебето во неа полека расте . На крајот рацете на Џована го држат плодот на нивната љубов.

4. Подготовка


Ова видео е малку поинакво од другите. Креирано е од 1280 фотографии и ја претставува Ерин – една жена која станува мајка за прв пат. Исполнето е со специјални моменти од секојдневниот живот. Во него гледаме како двојката се подготвува за следната фаза од својот живот.

5. „Напумпана” бременост


Ова генијално видео започнува со дупната гумата и завршува со ново семејство. Тоа е дело на режисерот MysteryGuitarMan, а неговото создавање траело 10 месеци.

- Реклама -