Тоа е цената што ќе треба да ја плати тој што сака да ја поседува регистарската табличка х1.
За прв пат овој број е пуштен од властите во реонот Нортемберленд во 1903 година и се смета дека тој му припаѓал на претседателот на градскиот совет на Тајнмаут, кој се борел за укинување на таканаречениот „црн закон“, според кој за управувањето со еден автомобил во тоа време биле потребни тројца луѓе.
Еден од нив требало да се движи на 55 метри пред автомобилот и да мафта со црвено знаме за да предупредува за доаѓањето автомобил. Во Законот стоело уште дека максималната брзина во град е 3 km/h, а надвор од него – 6 km/h. Кога оваа наредба конечно е откажана, членовите на градскиот комитет добиле таблички со буквата Х и броеви од 1 до 5.
Сега регистарскиот број се продава на сајтот Regtransfers.co.uk. Ако не биде продаден во текот на следните 2 недели, тој ќе биде пуштен на специјално организирана онлајн-аукција. Досега најскапиот број во Велика Британија беше F1, кој во 2008 година беше продаден за 468.000 евра. Тој беше купен од фан на Формула 1, кој го постави на својот McLaren SLR. Интересно е дека самиот автомобил чини 375.000 евра.
Објавено во соработка со Авто Плус.