Оваа листа би можела да ви даде некои идеи за совршени моменти поминати со саканата личност.
Бриж
Бриж може да се опише со два збора – Северната Венеција. И покрај тоа што сме ја слушнале оваа дефиниција за многу од градовите со водни канали, треба да признаеме дека има нешто посебно во Бриж. Градот е еден од најубавите на Фландрија, а историскиот центар е вклучен во списокот на УНЕСКО.
Дубровник
Познат како бисер на Јадранот, Дубровник бил седиште на независната Република Рагуза (латинското име на градот). Со своите убави камени згради и непроменети ѕидини, соочени со тиркизното море, Дубровник е рангиран меѓу омилените дестинации за меден месец на Балканот.
Виена
Главниот град на една од највлијателните империи во историјата, Виена е меѓу повеќето раскошни градови каде се говори германски јазик. Величествените неокласични згради и барокни палати и придаваат на Виена уникатен шарм и атмосфера. Најромантичниот карактер на градот се зајакнува понатаму од духот на големите класични композитори.
Остров Санторини
Неколку места ја ловат човечката имагинација како Санторини – остатоците од античкиот остров, уништен од огромна вулканска експлозија во екот на Минојската цивилизација. Некои дури сметаат дека тука се наоѓала Атлантида. Белите згради, ветерници, црквите со сини куполи и воодушевувачкото зајдисонце се рангира меѓу најпопуларните панорами и е сон за многу парови.
Амстердам
Обично Амстердам не е присутен во слични листи. Ние сепак мислиме дека има посебна романтика во пејзажот на вековните згради, високи (и надвиснати) над лавиринтот од бавното течение на каналите. Амстердам има магично и релаксирачко емитување.
Фиренца
Колевката на ренесансата, Фиренца, е еден од најпознатите и убави градови во светот. Нема ништо што може да се спореди со романтичното искуство на прошетка по течението на реката Арно со поглед кон Понте Векио, сончево попладне низ градините Бобо со бројните фонтани и неокласични скулптури, а брдото на Микеланџело со поглед на целиот град е омиленото место како на свадбените фотографи, така и на обичните посетители.
Париз
Француската престолнина е вечна романтична дестинација, каде исклучителната кујна, убавината и радоста на животот се дел од секојдневието. Париз е сметан за светска престолнина на модата, луксузните стоки и кулинари, па оваа комбинација не може да остави никого рамнодушен кон шармот на градот. Париз не предводи на листата поради релативно облачната и дождлива клима, ароганцијата на жителите и зголеменото чувство на несигурност поради големиот број имигранти.
Рим
Романтичен град пар екселанс. Тоа е земјата на Долче Вита, каде рестораните сервираат одлична храна на свеќи и каде тесните калдрми се опколени од шарените палати и споменици. Рим има квалитети да го фасцинира секој пар.
Венеција
Можеби најуникатниот романтичен град во светот, Венеција е место каде што се чини дека времето застанало. Тука секоја зграда, секој скриен мал плоштад го носат духот на минатото, кога Венецијанците управувале морска империја, што се протегала над Јадранското Море и Источниот Медитеран. И иако Венеција страда од својата популарност и е често преполна и дождовна во екот на сезоната, таа останува еден неповторлив град.
Охрид
Не затоа што е наш, туку затоа што е волшебно романтичен и културен. Прошетката низ 365-те цркви и манастири, прошетката покрај бистрото езеро и македонската вкусна кујна, го прават градот дестинација за сите романтични љубители на летото, но и на зимата.