Економското списание Forbes објави листа на 10-те најпопуларни возила на светот. Направена од организацијата за истражување на автомобилските пазари – LMC Automotive, врз основа на продажбата за 2012 година и има нов лидер.Пред една година на чело на оваа листа беше Toyota Corollа, која сега го отстапува првото место на Ford Focus. Дадените цифри по модел ја покажуваат продажбата која експертите од Forbes ја очекуваат до крајот на годината.
1. Ford Focus – 1.000.000 продажби
Focus ужива огромна популарност најмногу на пазарите во Азија и Европа. Не е многу популарен во САД, но сепак се продаде во 250.000 единици. Ford инвестира огромни средства на најголемиот пазар, оној во Кина, а се очекува овој модел наскоро да почне да се произведува и во таа држава. Тоа сигурно ќе ја зголеми неговата продажба и се верува дека моделот уште повеќе ќе ги зацврсти позициите.
2. Toyota Corolla – 966.000
Досега овој модел беше најпопуларниот на планетата, но очигледно проблемите меѓу Јапонија и Кина имаа влијание врз продажбата. Станува збор главно за протестите во Кина против јапонските брендови и масовно откажување од нив. Како резултат на тоа продажба на Toyota на најголемиот пазар падна за 25%.
3. Volkswagen Jetta – 822 000
Jetta (позната на некои пазари и како Vento или Bora) е најдобро продаваниот модел на Volkswagen во целиот свет. Успесите на возилото се должат на неговата голема популарност во САД и Кина. Тој е многу важен дел од стратегијата според која во 2018 година германскиот концерн треба да стане најголем производител на автомобили на планетава.
4. Hyundai Elantra – 777.000
Корејскиот Hyundai демонстрира сериозен раст и постојано побудува почит за патот на успехот кој го трасирал. Продажбата на моделите се зголемува во континуитет, а најдобар показател е оној со Elantra (во Кореја- Avante), кој е четвртиот по успех автомобил за 2012 година.
5. Ford Fiesta – 728.000
6. Volkswagen Golf – 726.000
Овој модел е особено баран на пазарите во Европа и Кина. Со проширувањето на Ford на кинескиот пазар популарноста на Fiesta ќе се зголеми, но засега таа го зазема петтото место на оваа листа.
Популарноста на Golf е една од главните причини за успехот на Volkswagen. Зад океанот тој отстапува место на поголемите, на Jetta и Passаt, но пак во Европа е без конкуренција. Генерално за нијанса е послаб од Ford Fiesta, но по пуштањето на седмата генерација на Golf работите може наскоро да се сменат.
7. Toyota Camry – 705.000
Camry е единствениот автомобил од средна класа во првите 10, што е доволен доказ за удобноста и сигурноста што ги нуди. Тоа е најдобро продаваниот автомобил во САД долги години, со околу 400.000 примероци годишно. Тоа е повеќе од 50% од резултатот кој се очекува да го запише Camry до крајот на годинава.
8. Volkswagen Polo – 704.000
Мини автомобилот на Volkswagen не е достапен во САД, но е многу популарен во Европа, каде што можете да го видите речиси насекаде. Главните предности се мали димензии кои значат полесно наоѓање на место за паркирање и помала потрошувачка на гориво, како и емисија на штетни гасови.
9. Chevrolet Cruze – 694.000
Компактниот Cruze е најдобро продаван модел на General Motors, откако се појави на пазарот во 2009 година. Досега од него на пазарот се реализирани над 1.6 милиони примероци, а само оваа година околу 700.000. Следната година претстои и пласман на пазарот во САД со дизелска модификација.
10. Honda Civic – 638.000
Обновениот во 2012 година Civic беше критикуван поради лошата динамика и дизајн, но тоа не се одрази особено на продажбата. Сепак раководството на Honda одлучи да го обнови возилото, што веќе се води како модел за 2013 година. Интересно е дека следната година оваа верзија нема да се нуди на јапонскиот пазар.