Новиот Land Rover, претставен на овогодинешниот Автомобилски Саем во Франкфурт, е отворен ѕвер. Наречен DC100 Sport, истиот е дизајниран да биде корисен теренец исто како и неговиот предок од 1948 година но опремен со најмодерната технологија. Новиот автомобил најверојатно ќе ги привлече градските следачи на трендови кога ќе биде понуден за продажба во 2015.
Претставник на Ленд Ровер изјавил: „Дизајнот е базиран на раните Дифендери со платнен покрив и преклопливи ветробрански стакла кои сè уште го отсликуваат духот на Ленд Ровер за авантура и истражување.“ Дури и неговата боја – металик килибар – е дизајниран за да ги отслкува „живите нијанси на окер кои можат да се најдат во Африка. Сопственикот на Ленд Ровер Jaguar Land Rover тврди дека три четвртини од двата милиони Дифендери произведени од 1948 година сè уште се користат редовно.
Дури и првиот предпродукциски модел, кој е изложен во Heritage Motor Centre музејот во Гејдон, Ворвикшајр, сè уште работи. Ленд Ровер е британскиот одговор на американскиот Jeep и првпат бил претставен на Авромобилскиот Саем во Амстердам во 1948 година како првото масовно произведено цивилно возило со погон на сите четири тркала.
Дел од раните љубители на возилото биле британската кралица, која користела специјално приспособен модел за нејзината прва светска турнеја во 1953 година и Винстон Черчил, кој добил примерок за својот осумдесети роденден. [Land Rover DC100 Sport: Classic off-roader is reborn as open topped 4×4 beast]