Најмоќниот хечбек во светот станува уште помоќен

Во февруари Mercedes-Benz го претстави најмоќниот сериски хечбек на светот – A45 AMG, а сега започна тестови на неговата уште посилна верзија, која ќе го носи името Black Series. Изданието Inautonews објави фотографии, снимени во околината на патеката во Нирбургринг.

575_a45-470-1

Стандардниот A45 AMG се потпира на 2.0-литарски, четирицилиндерски турбомотор, кој генерира енергија од 360 КЅ. Според информациите на весникот, модификација Black Series ќе добие уште барем 40 КЅ. Засега од Mercedes-Benz одбиваат да дадат каква било информација за најновата верзија. Кај обичниот A45 AMG забрзувањето до стотка е за 4.6 секунди, а максималната брзина му е ограничена електронски на 250 km/h. Се очекува Black Series исто така да има ограничување, но тоа да е на 280 km/h. Моторот има 450 Nm вртежен момент, кој е достапен во опсег 2.750-5.000 врт/мин и работи заедно со 7-степен роботизиран менувач со двојна спојка.

741_a45-470-2

Стандардниот хечбек со 360 КS има позајмени голем број на компоненти од SLS AMG. Освен менувачот, A45 AMG доби од неговиот постар брат систем за ладење со уште високи перформанси, спортски издувен систем, како и специјални амортизери, управувани по електронски пат. Најмоќниот хечбек на планетата, плус ќе располага со регулирачки управувачки систем, покрута суспензија, систем за стабилизација со 3 режими на работа, меѓу кои е и Sport Handling. Кај него поголем дел од моќта се пренесува на задната оска и се намалува влијанието на електрониката.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -