
Според медицински служби, најмалку три лица загинале, а шестмина се ранети во израелски воздушни напади во Појасот Газа. Израелската војска соопшти дека ги извршила нападите и наведе дека цел биле палестински милитанти.
Две лица загинале и шестмина се ранети во два одделни воздушни напади во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, а трето лице загинало во напад врз градот Ал Мусадар, според медицинските служби. Израелската војска потврди дека извршила два напади во енклавата, но не соопшти дополнителни детали.
Израел тврди дека Хамас повторно се вооружува и извршува напади, со што го прекршува примирјето постигнато во 2025 година, додека Хамас ги негира обвинувањата и го обвинува Израел за поткопување на мировниот договор. Примирјето, постигнато со посредство на САД, предвидува разоружување на Хамас, повлекување на израелските сили и обнова на Газа, но преговорите за неговото спроведување се во застој.
Според здравствените власти во Газа, од стапувањето во сила на примирјето во 2025 година во израелски напади загинале најмалку 1.580 Палестинци, додека Израел соопштува дека загинале четворица негови војници.



