Home 365 Денес Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Чикаго

Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Чикаго

0
Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Чикаго

Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.

„Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање“, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.

„Полицијата продолжува да го истражува пукањето“, се наведува во соопштението.

МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here