Најлудите јахти во светот

јахтиАко јахтата е врвен статусен симбол, тогаш сопствениците на овие јахти се наоѓаат на самиот врв. Овие пловечки палати се големи, неверојатни и полни со претеран луксуз. „Базен, подлога за хеликоптер, тоа се подразбира“ вели Џил Боброу, автор на книгата “Outrageous Yachts” и уредник на “Yachts International Magazine”.

МАЛТЕШКИ СОКОЛ

Еден од најголемите приватни едреници – изграден за Тони Перкинс но сега во сопственост на Елена Амбросиаду – оваа убавица долга 88,7 метри е најпозната по нејзиниот револуционерен систем на едра DynaRig: три самостоечки и ротирачки јарболи со вкупно 15 компјутерски контролирани квадратни едра со вкупна површина од 2396 метри квадратни. Тоа значи екстремна аеродинамична ефикасност и брзина; Соколот може да го премине Атлантскиот Океан за само десет дена. А внатрешноста, нормално е исполнета со луксуз.

Неверојатни кружни скалила се спуштаат низ добро осветлениот атриум за да ги обединат трите палуби со проѕирни подови. Јахтата е украсена со масивни уметнички дела, апартмани за до 12 гости, VIP апартман и приватна кабина за управување, трпезарија со под обложен со црна кожа и завеса за стаклениот покрив која се отвора како ирис на камера, во главниот салон со притискање на само едно копче од централната маса излегува порцеланско Бугати. За малку повеќе забава, Малтешкиот Сокол носи доволно играчки за вода: два Pascoe глисери од по 9,7 метри кои на себе носат скутери, четири Laser едрилици, шест комплети опрема за нуркање и уште еден Castoldi глисер од 4,2 метри.

ВИНОВЕН

јахтиГрчкиот милијардер Дакис Јоану, еден од најголемите колекционери на современа уметност во светот, е сопственикот на оваа лесно забележлива 34,7 метарска јахта дизајнирана од италијанскиот дизајнер на јахти Ивана Порфири. Нејзиниот впечатлив екстериер – шара од жолта, виолетова, црна, бела и сина боја инспирирана од поморската камуфлажа од Првата Светска Војна – е дизајн на Џеф Кунс.

Светлиот, главно бел ентериер (опремен со Corian подови и прозорци кои се простираат од подот до таванот) е исполнет со уметнички дела како на пример ѕидна слика од Дејвид Шригли, неонска скулптура на Мартин Крид а во VIP апартманот, жар-црвената слика „Виновен“ на Сара Морис.

А

јахтиДизајнирана од Филип Старк, оваа прекрасна јахта долга 120 метри изгледа повеќе како футуристичка подморница отколку стандардна мегајахта. Сопственикот Андреј Мелниченко, руски могул кој се збогатил од банки, јаглен и ѓубриво, ја нарачал за 300 милиони долари, и воопшто не штедел во опремувањето на ентериерот од 2192,5 квадратни метри. Меѓу претераните детали се спирални сакли со ограда од 60.000 долари, славини од по 40.000 долари во бањите, Baccarat кристални маси, мала соба со кружен кревет и телевизор поставен на таванот и голем број украсни животински кожи – тука е и собата чии тапети се направени од бели кожи на ражи со столови направени од крокодилска кожа и рогови од куду (африканска антилопа). Врата во задниот дел се отвара за да се претвори во морски базен од 25 милиони долари.
 
Но најлуд дел од јахтата е нивото на безбедност: системот за безбедност е составен од 44 безбедносни камери и 12 надворешни камери со сензори за движење и инфрацрвен систем за гледање во мрак. А главната спална од 240 метри квадратни (во која има ротирачки кревет) се влегува само со отпечаток од прст, и е заштитена со стакло отпорно на бомби дебело 44 милиметри.

МРАЗ

јахтиМраз, во сопственост на рускиот милијардер Сулејман Керимов се наоѓа во друштво на другите јахти поради нејзината неочекувана прогресивност: таа е првата „зелена“ мегајахта на отворено море. Покрај големиот број на луксузни елементи – голем базен, сала, платформа за сончање со џакузи, суши бар, бањи издлабени од камени блокови, минималистички дизајн на Теренс Дисдејл, откриени дабови подови, голема колекција на уметнички дела, платформа за хелихоптер – оваа јахта долга 89,9 метри има намалени бука, вибрации и загадување благодарејќи на алтернативна погонска технологија Azipod.

Системот користи осум генератори наместо двата големи мотори кои типично се поставуваат во јахта со оваа големина. Произведените издувни гасови поминуваат низ филтер пред да бидат испуштени во воздухот, а има и систем за менаџирање со отпадни води.

- Реклама -