Освен оние класични новитети кои ја брануваат јавноста во Париз, секако има и такви, би рекле засега само оригинали, кои предизвикуваат различни реакции кај посетителите, но едноставно тука се за тоа, за нив да се полемизира?!
Тоа се пред се креации на мали компании кои токму на ваквите места бараат свое место под сонцето. Некои од нив восхитуваа со чудниот изглед на своите прототипи, а други оставаат впечаток со храбрите технички решенија, а трети пак издејствуваат не само чудење, туку и насмевки.
GLM G4
Јапонската фирма доби голема популарност со својата електрична супер изведба во Париз. Таа е изградена на алуминиумска рамка, врз која се поставени пластични елементи од каросеријата. Вратите се отвораат нагоре, а батериите со капацитет од 80 kW/h, се сместени во централниот дел. Автомобилот е со погон на двете оски, a на секоја од нив е поставен електромотор, кој развива моќност од 200 kW 500 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 3,7 секунди, а максималната брзина е 250 km/h. Со едно полнење eлектромобилот поминува околу 400 километри. За разлика од Tesla, Јапонците se обложуваат на ексклузивност – производството на сериската верзија ќе биде лансирана во 2019 година, a годишно ќе се составуваат околу 250 примероци.
SBARRO Intencity
Прототипот SBARRO Intencity се наоѓа на штандот на француската автомобилска асоцијација CNPA. Тој не е нешто сосема ново, бидејки дебитира пред публиката уште во 2012 година на салонот во Женева. Новата верзија сепак е со голем број на технички подобрувања, како и сосема нов електромотор, кој веќе развива 100 kW. Тежината на електричниот автомобил е 980 kg, a местата на возачот и патниците се наоѓаат едно зад друго.
Estaca
Студентите од техничкото училиште Estaca планираат во 2017 година да постават рекорд во брзина на патеката во Боневил (САД), а за таа цел изградиле сопствен електромобил. Сегашното најдобро достигнување е 345 km/h, но прототипот на Французите треба да развие барем 400 km/h. За правење на електричниот модел младите инженери користеле помош на експерти од Formula-E. Машината тежи 800 kg, а погонот се потпира на 2 електромотори со вкупна моќност од 500 КС и 700 Nm. Должината на прототипот е 7,2 метри, широчината – 0,9 , а висината – еден метар. Најимпресивен е коефициентот на аеродинамичен отпор – 0,05.
e-Cruiser
Компанијата Boom Trikes го претставува во Париз електромобилот e-Cruiser. Тој е изграден на рамка од цевки, каросеријата му е од пластика, а погонот е доверен на 50-киловатен електромотор кој работи во комбинација со 20-киловатна батерија. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 8,9 секунди. Родстерoт ќе се појави на европскиот пазар во пролетта 2017 година, а цените ќе стартуваат од 40 000 евра.
Formula Giol Prototype 01
За овој електромобил компанијата-производител тврди дека е развиен од нула. Неможе да се одрече дека дизајнот е прилично неконвенционален и се разликува од она што сме навикнати да гледаме. Погонот е на задните тркала, на два електромотори со 37 kW. Батеријата е со капацитет 28 kW/h, а автономијата со едно полнење е 250 километри. Максималната брзина е ограничена на 160 km/h.