Oreo ја започна годината со прекрасната и иноватина онлајн кампања за време на Super Bowl. Нејзиниот успех беше инспирација за многу познати марки, кои во текот на годината пробаа да му конкурираат со поинтересни кампањи.
Еве кои беа најинтересните и најдосадните маркетинг кампањи кои ја одбележаа оваа година, која полека но сигурно си заминува:
Рекламата на Dove со скиците на вистинската убави
Оваа прекрасна триминутна реклама на Doveкоја прикажува како жените гледаат на себе си, беше погледната над 50 милиони пати на YouTube.
Бакнежот GoDaddy
Ужасно. Сексистичко. Грозно. Тоа беа зборовите со кои луѓето ја опишуваа оваа реклама на GoDaddy. Иако дел од овие коментари беa дел од разговори водени на Интернет, сепак сите беа негативни коментари. Тоа ја натера компанијата да ја отстрани рекламата од 2014 Super Bowl.
Twitter рекламата на Oreo
Да, како што веќе знаете тимот по дигитален маркетинг на Oreo си ја сврши прекрасно својата работа за време на овогодишниот Super Bowl. Овој твит беше ре-твитнат над 15 илјади пати, а беше и споменат за време на ИПО-то на компанијата како пример за успешен дигитален маркетинг реализиран преку платформата.
Рекламата за Samsung Galaxy Gear
Паметните часовници Samsung Galaxy Gear добија различни видови коментари, но барем нивната реклама може да се каже дека беше навистина комерцијален хит, така што од страна на медиумите доби навистина одлични коментри.
Рекламата на BlackBerry Z10
BlackBerry ја претстави својата прва реклама за време на Super Bowl оваа година со цел да го привлече вниманието на јавноста кон новиот паметен телефон Z10, но за многу луѓе рекламата беше чудна и на крај не прифатлива.
Рекламата на Volvo со Жан Клод Ван Дам
Volvo доби навистина голема популарност преку своето едноставни видео кое го претставува актерот Жан Клод Ван Дам како прави шпага помеѓу два камиона Volvo кои се движат. Видеото беше погледнато 40 милиони пати само за една недела.
Рекламата на Samsung 840 EVO
Samsung престави неколку навистина интересни реклами оваа година, но не сите беа успешни. Ова видео беше наменето да се емитува само во Јужна Кореа, но за жал се појави на Интернет и доби многу негативни критики.
Новогодишната реклама на Kmart
Kmart навистина успеа да го привлече вниманието на своите потрошувачи преку својата нова реклама Show Your Joe.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk