Најимпресивниот шут на Ол-стар натпреварот, што камерите го пропуштија (видео)

CbOmyQMW4AE2Jdg[1]

Уште едно добро шоу со супер-ѕвездите на кошарката, со многу забава, многу атрактивни потези и нула одбрана. Сепак, еден од најимпресивните моменти се случи на 5 секунди до крајот, и најтрагично од сé е што главните камери го промашија, па публиката пред екраните немаше можност да го види.

На 1:06 пред крајот, Грег Попович го извади Коби од игра, а остатокот од тимот се погрижи публиката да го поздрави како што доликува. Така, на 10 секунди до крајот, камерата на TNT беше фокусирана на насмеаниот Коби, додека Стеф Кари дриблаше со топката на само неколку чекори во половината на противникот.

Веројатно режисерот мислеше дека Кари ќе ја држи топката до истекот на времето, како што би го направил тоа во натпревар од регуларната сезона. Ама ова беше Ол-стар, a Стеф Кари ја чуваше црешата за крајот. Чуден шут со голема парабола, од најодалечениот агол на противничката половина. За среќа, настанот го следат неколку камери, па моментот беше дополнително прикажан во TNT Overtime пакетот. Еве го:

- Реклама -