Најголемите трагичари дефинитивно беа ПСЖ. Ама најголеми пишмани ќе бидат дел од навивачите на кои практично им случи еврејската „да имаш, па да немаш“. Само во овој случај, беше „да си таму, па да не си“.
Да, се работи за тие што порано си заминаа од трибините, свесни дека и со 5-1 Барса не прави ништо. Ама ете, додека новинарите ги интервјуираа надвор пред стадионот, се случи и историскиот момент – падна шестиот гол за Барселона.
Нормално, првичната реакција им беше неизмерна радост. Ама сега сигурно си гризат од газот што не останаа минута подолго и го пропуштија можеби најисторискиот момент во фудбалот.