Најголемата сончева печка во светот

Оделио се наоѓа на Пиринеите во близина на шпанската граница, во јужниот дел на Франција. Ова е едно од најпознатите сончеви места на Земјата. Со над 3.500 часа сонце годишно, не е изненадување тоа што областа е дом на најголемата сончева печка во светот.

Изградена во 1969 година од страна на Националниот истражувачки центар, соларната печка се состои од 63 хелиостатични огледала поставени на терасите на падина. Тие директно ги апсорбираат сончевите зраци кон големо сферно огледало.

На овој начин се концентрира огромно количество сончева светлина врз површина приближно со големина на тенџере што ја зголемува температурата до 3500 степени целзиусови.

Самото параболично огледало е изградено од 10 000 индивидуални огледала и зафаќа површина од околу 2.000 квадратни метри.

Соларната печка се користи од страна на Националниот истражувачки центар за проучување на системите за пренос на топлина, трансформацијата на енергија и однесувањето на материјалите при високи температури. Овие области се од особен интерес за воздушната индустрија.

- Реклама -