Најголемата грешка при невербалната комуникација

eye-contact-flirting-6-1024x615[1]

Кога станува збор за јазикот на телото, има многу нешта што можат да тргнат наопаку. Тешко е да се утврди кои од нив се полоши – зависи од ситуацијата и моментот на комуникација, а и од соговорникот.

Сепак, Business Insider ѝ го постави прашањето на д-р Лилијан Глас – експерт во областа и автор на книгата „Токсични луѓе“ ( „Toxic People“). Глас вели дека ако треба да се наведе само една и најголема грешка, тое е дефинитивно неуспешниот контакт со очи. Тоа подразбира и кога го нема, и кога се одвива во погрешна количина.

Според Глас, кога остваруваме погрешен контакт со очите, испраќаме лоша порака која може многу да го влоши впечатокот на другите и комуникацијата со невербални сигнали.

Кои се грешките при контактот со поглед? На пример, премногу долгото загледување, или постојано избегнување на контактот со туѓиот поглед на некој што го познаваме. Тоа на другата страна може да ѝ пренесе порака дека сме агресивни, дека немаме самодоверба, па и дека сме нечесни или груби, дури и да не сме такви.

Клучот е во наоѓање на соодветен баланс во погледот во лицето на соговорникот. За да остварите успешна комуникација и добар впечаток барем во одреден степен, Глас препорачува за време на разговорите да го пренасочувате погледот кон различни делови од телото на другиот човек и ситуацијата – од неговите очи, на носот, устата, околината, назад повторно кон очите. Со тоа омекнува меѓусебната комуникација и станувате поприфатливи за соговорникот. Тоа треба да е нашата прва цел кога некого запознаваме за прв пат, според Глас.

- Реклама -