Финската компанија Nokian Tyres го претстави пред новинарите новиот уникатен концепт на гуми, кој има за цел да го одбележи 80-годишниот јубилеј од создавањето на првите зимски гуми.Главните предности на овој концепт во однос на сите постоечки во моментов гуми е дека иновацијата располага со столпчиња, но не како стандардните пневматици, туку подвижни. Тие се појавуваат на површината на гумата и се сокриваат преку притискање на копче.
За жал, во оваа фаза Финците не предвидуваат сериско производство на новата гума тврдејќи дека сепак ова е проект во развој. Но, не ја исклучуваат можноста да се појават како новина кај автомобилите во блиска иднина.