Оваа мошне забавна и интересна статија, која ќе ви се вовлече под кожата за помалку од 1 минута, се однесува на трите најдобри приказни, односно хорор случки кои им се случиле на вработените во Apple за време на еден работен ден. Секако под терминот “хорор” не ни помислувајте дека станува збор за сериски убиец или духови, туку за случка која претставува катастрофа и хорор за генијалните умови во Apple. Еве ги избраните статии од 3-те генијални умови на вработените во Apple, а вие ја имате честа да ги прочитате смешните случки.
“Шмеќерот”
Случка на вработен во Apple со псевдоним 007
“Еден ден во нашата Apple продавница влезе дечко, кој според облеката и изгледот делуваше премногу млад за да студира. Додека неговиот лаптоп се подигнуваше (boot) се осуди да ме праша каков е мојот љубовен живот. Му одговорив учтиво дека тоа не е негова работа и се обидував да му го привлечам вниманието со бурмата на мојата рака. Веднаш ми одговори дека тој е главниот “шмеќер” во своето друштво и дека сака да направи веб страна на која ќе ги прикаже сите свои фрази кои досега ги користел за да освои девојка. Накратко, фрли поглед на вработените во просторијата, но повеќето од нив се вистински geek-ови. Толку беше самоуверен па настојуваше да му покажам еден од колегите за кој тој гарантираше дека подоцна може да ја има секоја девојка која ќе ја посака. Најпрво го оставив сам да избира и кога го покажа со прст човекот што го избра немав срце да му кажам дека тој е геј. Сепак, можеби забележа дека нешто не е во ред и одлучи да отиде до мојот друг колега- Фред. Фокусирано гледав додека дечково одеше кон Фред и сакав да видам како ќе се одвиваат работиве. После само една минута откако дечкото му пријде на колегата, Фред почна да се смее на сиот глас, што предизвика сите присутни во Apple продавницата да се свртиме кон нив. Фред не погледна и набрзо се смири и на глас му рече: “Дете слушај- Ти благодарам, но не благодарам, јас имам заборавено на девојките и рандевуата повеќе отколку што ти можеш да знаеш нешто за тоа!”
“Среќна Нова Година”
Случка на вработен во Apple со псевдоним Qwerty
“Пет минути пред полноќ на Нова Година, а нашата продавница се наоѓа на само неколку блокови од Тајмс Сквер. Еден бездомник со необичен сјај во очите залута во нашата Apple Продавница. Луѓето од обезбедувањето внимателно го следеа секој негов чекор кој водеше до Одделот за нови корисници. Откако се слушна името на наредниот човек кој има закажано за консултации во овој Оддел, се појавува скитникот и седнува на местото. Во истиот момент се прошири ужасен и неопислив мирис, што ги натера луѓето во Одделот да го задржат здивот. Ми се чини дека можеше да намирисаш цела декада од градот во тој човек. Но, од своето дотраено палто тој го извади својот најнов iPod touch и го остави на пунктот. Зачудено, полека почнавме да се опуштаме затоа што се изгледаше легитимно и законски. Тогаш, после неколку секунди тој извади тегла со (веројатно) неговата урина и ја смести до iPod уредот на пунктот.”
“Заглавен”
Случка на вработен во Apple со псевдоним Asdfg
“До мојот оддел се доближи еден муштерија кој ги остави своите MacBook, iPod и USB кабел на мојот пункт.
– “Ми треба вашата помош” рече тој
– “Секако”, одговорив. “Како можам да ви помогнам?”
-”Копирав една песна од мојот компјутер и сакав да ја префрлам на мојот iPod,” рече тој.
-”Во ред”, одговорив.
“Но песната никогаш не се појави на мојот уред.”
-”Сакате да пробаме повторно?”
“Не можеме затоа што песната повеќе не се наоѓа во компјутерот.”
– “Добро.”
“Ја нема ни на мојот iPod, исто така.”
Тој ми го подаде USB кабелчето и ми рече “Сигурно е заглавена тука песната. Можете ли да ми ја извадите?”
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.com.mk