Најдобрите плажи на Закинтос

Прекрасниот јонски остров Закинтос е едно од најубавите места за одмор во Грција. Пред да отпатувате таму, прочитајте кои се најдобрите плажи кои едноставно мора да ги посетите…

Каламаки

Најдобрите плажи на Закинтос

Долгата песочна плажа Каламаки се одликува со чиста и плитка вода, а се работи за релативно потивка плажа од онаа во Лаганас, попогодна за семејства и за луѓе кои сакаат да уживаат во мирот додека се на плажа. Единствена негативна страна е тоа што авионите прелетуваат од и кон аеродромот токму преку оваа плажа. Но, од друга страна, поради фактот што плажата се наоѓа во заштитена зона, водените спортови не се дозволени.

Лаганас

Најдобрите плажи на Закинтос

Лаганас е плажа која е позната како центар на забавите. Се наоѓа во залив долг 9 километри, кој е речиси во целост прекриен со песочно пространство. Сепак, и покрај импресивната должина, оваа плажа може да стане пренатрупана во летниот период, кога сите сакаат да фатат место токму на Лаганас.

Геракас

Најдобрите плажи на Закинтос

Според туристите кои го посетиле Закинтос, ова е најубавата плажа на целиот остров. Во непосредна близина на оваа плажа живеат загрозените желки, па поради тоа не се дозволени водени спортови и исто така, посетите се забранети од зајдисонце до изгрејсонце (предвидени се казни за прекршителите). Но, мирната, песочна плажа со кристално бистра вода дефинитивно вреди да се посети, доколку сакате да искусите барем неколку часа потполн мир и хармонија со (речиси) недопрената природа.

Навагио

Најдобрите плажи на Закинтос

Плажата Навагио може да се посети само со турите со бротчиња. Таа стана многу популарна поради приказната за засуканиот брод во заливот и, особено во летниот период, е посетена од многу луѓе. Но внимавајте – и покрај фактот што пејзажот е фантастичен и претставува едно од најфотографираните места во Грција, водата е прилично студена, дури и во врвот на летната сезона, поради подводните струи, така што е малку веројатно дека ќе можете подолго да останете во вода.

Аргаси

Најдобрите плажи на Закинтос

Плажата во Аргаси е долга околу 1 километар, со ситна песок и повеќе мали заливчиња кои даваат посебна атмосфера. Местото е многу популарно, поради тоа што е релативно блиску до главниот град, Закинтос (околу 5 километри); но и затоа што нуди забава преку ден (шанкови на плажа, водени спортови од најразличен вид, забави итн.), како и во вечерните часови (барови, таверни, ресторани итн.).

Ксигија

Најдобрите плажи на Закинтос

Се работи за мала и симпатична плажа, на крајот од многу стрмен пат, која се наоѓа на северо-источниот дел од Закинтос. Непосредно до плажата постои подводен извор на сулфур, поради што се чувствува умерен мирис. Но, освен тоа, плажата Ксигија е беспрекорно убава и ќе ви овозможи едно доста автентично искуство.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -